Регионална конференција на „Студенти за слобода“
Првата регионална конференција на „Студенти за слобода“ во Македонија денеска ќе се одржи на Техничкиот факултет во Битола. Студентите и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да слушнат предавања и дискусии кои ја промовираат индивидуалната слобода.
На конференцијата ќе се обрати извршниот директор и виш истражувач на Страјкер Пирс Брајан О’Шеа, кој во Битола ќе зборува на тема „Разоткривање на шпионажата“. За политичките аспекти на слободата ќе зборуваат деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола Горан Илиќ и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Ненад Марковиќ.
Посетителите на конференцијата ќе имаат можност да слушнат предавање и за медиумите и слободното фриленс новинарство од Бил Вирц, фриленс новинар од Брисел и Љубица А. Манговска, новинарка и програмски менаџер на Тера ТВ.
Адвокатот Јанаки Митровски и програмскиот директор на Европски студенти за слобода Александар Кокотовиќ, двајцата активисти за легализација на канабисот, ќе одржат предавање на таа тема.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација