Регионален форум за борба против копрупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и во соработка со Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ, денеска организира регионален форум за одбележување на Меѓународниот ден на борба против копрупцијата.
На конференцијата се најавени претседателот Стево Пендаровски, вршителот на должност во Амбасадата на САД Џенифер Р. Литлџон, раководителот на Секторот за проекти од Европска делегација во Скопје Фрик Јанмат.
Обраќања ќе имаат и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и координатор на СЕЛДИ, Александар Кржаловски, претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева и директорот на Економската програма, Центар за студии на демократија/СЕЛДИ Знаење и контакт со јавноста, Руслан Стефанов.
Конференцијата ќе вклучи вкупно четири панел дискусии на кои ќе говорат Александар Герганов, аналитичар и доцент на Институтот за студии на општества и знаење при Бугарската академија на науките, Вељко Рутовиќ, специјален обвинител на Црна Гора, Григор Флорин Попеску од Националната дирекција за борба против корупција на Романија, помошник директорот на Агенција за спречување на корупција на Босна и Херцеговина Мелвудин Џиндо, претседателката на Државната комисија за спречување корупција на Македонија Билјана Ивановска, Блерим Келменди од Агенцијата за борба против корупција од Косово и директорот на Врховната ревизорска институција од Албанија, Артур Хасанбелиу, како и други експерти од земјава и регионот.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
