Македонија
3. May 2018 - 20:23

Реге и Ска на Мултикултиватор Фестивал во сабота во МКЦ

Во сабота во просториите на Клуб-Ресторан МКЦ, ќе се одржи 2риот МУЛТИКУЛТИВАТОР Фестивал на кој ќе настапи легендарниот Ска состав Д Тоустерс од Њу Јорк (САД).

Се работи вистински пионери на Ска и Реге звукот, оформени далечната 1981ва година кој зад себе има 10-ина студиски и десетици лајв и компилациски изданија и преку 2000 концерти ширум светот.

Скопје е дел од нивната голема европска турнеја. Како загревање за нивниот настап со свој ди џеј сет ќе настапат Диџеј РУТБОЈ и Диџеј Агнеса.

Настанот започнува во 21 часот а билети може да се набават на билетарницата на Младинскиот Културен Центар. Настанот е во организација на здружението КУЛТИ ВАТОР од Скопје и е помогнат од Град Скопје.