Референдумот за името ќе чини 3,5 милиони евра
Трошоците за спроведување на референдумот за името, којшто согласно со денешната одлука на Собранието на Република Македонија ќе се одржи на 30 септември годинава, ќе изнесуваат 3,5 милиони евра.
Парите ќе бидат обезбедени од Буџетот на РМ, со прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, како што е дефинирано во Одлуката која ја изгласа попладнево законодавниот дом.
Одлуката за прераспределба на средствата беше донесена без расправа со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, а на неа и претходеа седници на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Претходно Собранието, со 68 гласови „за“, без „против“ и „воздржан“ и во отсуство на опозицијата, донесе одлука на 30 септември 2018 да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен.
Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.
По скратена постапка, без расправа, пратениците попладнево изгласаа и измени и дополнувања на Царинскиот законик, со што беше исцрпен дневниот ред на 57-мата седница.л
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња