Македонија
7. October 2022 - 9:51

Реџепи: На последната средба со Меџити разговаравме за евентуално мое преминување во ДУИ

– Кастриот Реџепи, поранешен пратеник на Беса, кој во Собранието функционираше како независен, во врска со неговото евентуално приклучување кон „огнената група“ на ДУИ, синоќа изјави дека со пратеникот Изет Меџити отсекогаш имал добри односи и покрај партиските поделби.

– На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверувам дека  последните случувања нема да имаат последици во интеграцискиот пат на државата, рече Реџепи во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат.

Реџепи рече и дека Меџити му е близок од минатата година, кога одлучил да не гласа за уривање на власта и дека на последната средба разговарале и за евентуално преминување во ДУИ. – Ме избркаa од мојата политичка партија, изјави Реџепи и додаде дека неговата партија не прифатила да има состанок со него.

– Мојата партија ме избркa, не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи, рече Кастриот Реџепи.

Тој тврди и дека претседателот на Беса „го избркал од партијата преку социјалните мрежи“.