Бизнис
5. July 2019 - 16:23

Речиси 58.000 граѓани ја симнале апликацијата Мој ДДВ, проблеми се уште има

За 5 дена близу 60 илјади граѓани ја симнале апликацијата МОЈ ДДВ. Скенирани се над 430 илјади фискални сметки за остварен промет од 4 милиони евра. На оваа сума пресметан  е поврат на ДДВ од околу 120 илјади евра, пари кои на сметките на граѓаните ќе легнат во декември.

Во првиот ден од пуштањето во употреба на апликацијата истата ја симнале 24 илјади граѓани, во вториот тоа го направиле 10 илјади корисници. Очекувањата се апликацијата да се користи од половина милион граѓани. Системот е подготвен да ги регистира сите, велат од УЈП.

Еден од клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните при користење на аплиакцијата е што бар-кодовоите од некој фискални сметки не можат да ги скенираат. Од УЈП велат дека ваков проблем се јавува поради амортизираната опрема во некои маркети. Порачуваат сите кои имаат проблем да дојдат во канцелариите на управата и да побарата помош од службените лица

Веќе од страна на самите граѓани е извршен притисок врз големите маркети навреме да ги сервисираат нивните фискални апарати за да може на сметките да има јасен баркод и да  не се соочуват со проблеми. Баркодовите од ваквите сметки,  можат да ги  прочитаат на апаратите на киосците кои  функционираат многу подобро од  читачите на мобилните телефони. Постои и можност бар- кодовите да се внесат рачно за што корисникот  треба да се упати во некоја од канцелариите на УЈП, порачуваат од управата.

Од УЈП точно не прецизираа кога и корисниците на Ајфон ќе можат да ја симнат апликацијата,. Објаснија дека уште на 25 мај го исконтактирале претставништвото на Епл за добивање на одобрение апликацијата да  биде ставена на нивниот сајт. Но поради можне рестриктивните и строги правила на Епл постапката се одолговлекува.

Уште еднаш апелираа дека аплиакцијата е безбедна. Посочија дека ако едно физичко лице се обиде да скенира сметка која е на име на фирма, ќе се соочи со парична казна од 250 евра.

Аплиакцијата МОј ДДВ е достапна од 1 јули. Дел од даночните експерти излегоа со став дека од мерката поврат на ДДВ најголема корист ќе имаат богатите со поголеми приходи.