Loading Video...
Спорт плус
8. February 2020 - 16:49

Ребенсбург победничка на спустот во Гармиш-Партенкирхен

Победа пред домашната германска публика оствари Викторија Ребенсбург, која беше најбрза на спустот одржан во Гармиш-Паркенкирхен. 
 
30-годишната Германка до својата втора победа сезонава беше единствената која тешката патека ја мина под 1.минута и 42.секунди, оставајќи ги зад себе Италијанката, Федерика Брињоне за 61-на, односно Естел ледецка од Чешка, која заостана 83.стотинки. 
 
Ребенсбург останува на 5.место во поредокот во спуст каде лидер е Швајцарката, Корин Сутер, како и 5.место во севкупниот генерален поредок во кој убедливо водечка е Американката, Михаела Шифрин. 
 
Дамите утре на истото место ќе се натпреваруваат во Супер-велеслалом.