Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
Врз основа на првичните индикатори, реални се шансите во првиот квартал економскиот раст на државата да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме еден од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје.
Според него, ако состојбата во европската економија, особено во автомобилската индустрија се подобри, тогаш има шанси за уште повисоки перформанси што ќе се движат меѓу пет и шест проценти.
Премиерот типува на Македонија како голема крстосница во која, како што рече, се испреплетуваат коридорите 8, 10 и 11 што е, дополни, многу важно за јужното крило на НАТО и затоа нашите идни напори ќе бидат насочени кон интензивен развој на инфраструктурата.
-Имаме потенцијал и со перформансите сме пред сите други. Првата година од мандатот беше многу тешка и полна со предизвици зашто ни требаше да го сопреме слободниот пад со кои се соочуваше државата и нереално е да почнуваме со реформи кога се уште решаваме на основни, суштествени проблеми, нагласи Мицкоски.
На Самитот Македонија 2025 присуствуваат преку 500 гости - економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави.
Во фокусот се забрзување на економскиот раст, дигитализација, вештачка интелигенција, иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал со паметни инвестиции, улогата на дијаспората во националниот раст.
Учесниците ќе дискутираат и за децентрализација на моќта - иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, за редефинирање стратегии, за странски директни инвестиции, како и за образование на иднината - обликување лидери, мислители и иноватори.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера