Македонија
25. September 2015 - 13:05

Реализиран Буџетскиот форум во Општина Илинден

Во Општина Илинден, се одржа Шестата последователна форумска сесија од Буџетскиот форум на чиј дневен ред беа евалуација на целиот форумски процес, информација за активностите при реализацијата на форумските предлози, препораки и проекти и нивното спроведување. 

Преку спроведување на Буџетскиот форум со партиципативно учество на граѓаните, Општина Илинден транспарентно го изготви буџетот на Општината за 2015 година, во рамките на програмата „Форуми во заедницата“, што се реализира во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој и ЗЕЛС. 

Градоначалникот на општината Жика Стојановски истакна дека Општина Илинден е една од првите три општини во државата по својата транспарентност и отчетност.

На дневниот ред на Шестата форумска сесија, што се одржа во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во Општина Илинден, беше презентирана и информација за реализацијата на Буџетот во 2015 година.