Loading Video...
Фудбал
11. April 2021 - 13:17

Реал вторпат сезонава подобар од Барселона во „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал и Барселона со прикажаната игра во синоќешното дерби, го оправдаат очекуваното огромно внимание на светската спортска јавност пред 

И второто овосезонско „Ел Класико“ меѓу Реал и Барселона му припадна на тимот од Мадрид.

Во дербито од 30.коло на шпанската Ла Лига одиграно на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот во Мадрид го добија фудбалерите на Реал со 2:1.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и веќе во 13-минута големата мајсторија на Карим Бензема поведоа со 1:0 

Реал не чекаше долго на втора радост. Имено само 15 минути подоцна (28-ма)  Реал веќе имаше два гола преднпост. 

По слободниот удар што го изведе Тони Крос топката на патот кон голот на Терштеген се одби од живиот ѕид , а Жорди Алба на самата гол линија не успеа да спречи погодок. 

Во 33-минута Реал можеше да стигне и до трет гол, но ударто на валверде ја погоди стативата од голот на Тершеген. 

Среќа на спротивната страна имаа и домаќините кога во последната минута од првиот дел Меси со дуректен удар од корнер ја погоди гредата од голот на Куртоа. 

Обилниот дожд на стартот на вториот дел, не го намали темпото и возбудувањата, па иницијативата што ја имаа гостите беше крунисана со голот на Оскар Мингеза во 60 минута. 

Во 82.минуита гостите бараат најстрога казна по овој дуел меѓу Брајтвајт и Менди, но судијата не се реши да досуди пенал

Барселона не се откажуваше и се обидуваше да стигне до израмнување, а за тоа имаше и голема шанса во последните секунди од мечот кога ударот на Мориба заврши во гредата од голот на Реал, а во продолжението на акцијата се обиде и голманот на гостите Терштеген, но резултатот остана непроменет 2:1 за Реал

Со трите освоени бодови и вкупно 66 колку што има и градскиот ривал Атлетико, Реал изби на првото место на табелата, но Атлетико вечерва ќе треба да го одигра својот меч од 30-тата рунда, и на тешко гостување кај Бетис

Барселона пак која е на третото место има еден бод помалку од мадридските ривали.