-->
-->
Реал нов лидер во Шпанија
-->
Реал Мадрид го презеде првото место во шпанската Ла лига од вечниот ривал Барселона, по 2:1 победата на гости кај Реал Сосиедад на осум кола пред крајот на шампионатот, и сега двата ривали ги дели само гол-разликата.
„Кралевите“ на „Аноета“ дојдоа во водство во 50. минута со гол од пенал на капитенот Серхио Рамос, негов 68. во кариерата, по што стана најдобриот стрелец меѓу дефанзивците во историјата на Ла лига, поминувајќи го Роналд Куман. Карим Бензема во 70. минута ја продолжи својата одлична форма со уште еден гол по убавата асистенција на Феде Валверде.
Домаќините се заканија со враќање во игра во 84. минута, кога Микел Мерино намали на 2:1, но на крајот трите поени заминаа во Мадрид.
Мадрид и Барселона имаат по 65 поени на врвот на табелата, но Мадрид има +2 во гол разлика. Сосиедад се шести со 47 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност