Фудбал
9. December 2017 - 18:55

Реал ја „торпедира„ Севиља

Актуелниот шпански првак Реал Мадрид ја„торпедира„ Сеиља со пет гола и тоа сите постигнати во првото полувреме 
 
Во дуелот од  9.коло на Ла Лига „кралевите“ пред својата публика на „Сантијаго Бернабеу“ ја совладаа Севиља со 5-0.
 
Серијата на голови ја отвори Начо уште во третата минута, по што следаа погодоци на Роналдо 23-та и 31-ва од пенал. Тони Крос во 38-минута беше стрелец на четвртио,м а последниот гол го постигна Хакими во 42-минута. 
 
Реал сега е на 3.место со 31-бод колку што има и Валенсија која вечер ја пречекува Селта. 
 
Лидерот Барселона утре гостува кај Виљареал, а веќе 14 дена во Мардид ќе се игра првото годинашно „Ел Класико“