Македонија
28. August 2017 - 19:03

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Владата

ВМРО-ДПМНЕ денеска во реакција на соопштението на Владата наведува дека она што се прави е незаконски и ќе одговараат сите кои доброволно или под закана помагаат во незаконските дејства.

- СДС ја преполни Владата со скапо платени српски советници, твитерџии, шарени револуционери, луѓе од подземјето, насилници, и луѓе кои Заев смета дека треба да бидат наградени само затоа што му помогнале во кампања. Затоа на СДС му треба да бара виновници и луѓе кои би ги бркал од работа. На Заев му се потребни места за да ги задоволува партиските апетити. Последната манипулација на СДС не е ништо друго туку обид на грбот на припадниците на помалите етнички заедници да се отвори простор за оние на кои Заев се уште им должи, стои во реакцијата. 

ВМРО-ДПМНЕ, како што наведуваат во реакцијата, ги охрабрува сите оние кои совесно си ја работеле работата да не потклекнуваат на притисоците