Loading Video...
Балкан
19. October 2018 - 17:15

Реакции на одлуката на Косово за формирање сопствена војска

Формирањето на косовската војска ќе ја загрози безбедноста и  мирот во   регионот предупреди Србија. Не може да има други  вооружени сили на Косово освен  КФОР се додека е во сила резолуцијата 12 44 на Советот за Безбедност на ОН реагираат српските власти.

Реагираше  и НАТО  откако Собранието  на Косово даде прелиминарно одобрување на три закони за трансфорамцика  на Косовските безбедносни сили во армија и покрај  противењето на српските пратеници. За  неколку дена законите  ќе се гласаат и во второ читање.

 Јас јасно ставив до знаење дека едностраните чекори како што е случајот тука  се бескорисни порача првиот човек на НАТО Столтенберг.   

И САД и ЕУ  не се воодушени.   Сметаат дека потегот на владата во Приштина ќе го загрзои дијалогот со Белград.  Албанија го поддржа сонот на косовскиот власти  да формираат армија

- Почит на хероите и загинати борци на Косово. Благословена да е штотуку родената  армија на Република Косово напиша премиерот Рама на Твитер.

Сегашните сили за безбедност на Косово  бројат  2500 припадници кои се  обучувани од НАТО за случаи на кризни состојби, цивилна заштита и одржување на ред. Косовската војска би била составена од 5000 активни војници  со мандат на целата териротија на КиМ  и ќе може да кориси сила, воено оружено ако не може да избегне опаснот со други средства. НАТО на Косово има 4500 војници.  Засега Алијансата нема план да го  напушти Косово  но секоја промена на статусот на Косовските безбедносни сили може да доведе до намалување на НАто силите во таа балканска земја, пренесува Ројтерс  повикувајки се на анонимни извори.