Македонија
25. March 2020 - 16:58

Развојната банка ги промовираше првите мерки - бескаматни кредити за најпогодените сектори

Бескаматни кредити во  вреднос од 3000 до 30 000 евра-ова се првите мерки на Развојна банка за најпогодените компании од корона вирусот. На јавниот повик кој почнува од утре  предност ќе имаат  фирмите од угостителството, туризност и товарниот транспорт. Висината на кредитот ќе зависи од бројот на вработени  во фирмата,  која аплицира.

Микро компаниите со максимум 10 вработени ќе може да аплциираат за кредит од 3.000 до 5.000 евра, малите компании со 10 до 50 вработени за 10.000 до 15.000 евра, а средните компании со 50 до 250 вработени за кредит од 15.000 до 30.000 евра. Каматата за кредитите е нула проценти, отплатата 24 месеци а грејс периодот шест месеци.

Сите заинтересирани фирми ќе може да аплицираат по електронски пат, во рок од 30 дена.

Угостителите  веќе  реагираа дека 29 000 рабтни места во угостителството се загрозени. Бараат владата уште денес да излезе со конкретни мерки за помош на стопанството.Во спротивно ќе мора да ги одјават своите вработени до крај на месецов.

Предложениот пакет мерки ќе стапи во сила од април, а ние веќе повеќе од половина месец сме без никакви приходи.

Дел од угостителите во земјава  веќе ставија клуч на вратите на своите локали. За четити дена инспекторите затворија 21 угоститлски објет во 6 градови во земјава.