Македонија
27. May 2020 - 13:54

Разрешен Сулејман Реџепи

Со одлука на Ријасетот на Исламската верска заедница од функцијата претседател е разрешен досегашниот Реис Ул Елема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

За одлуката гласале две третини од членовите на Ријасетот.

Вршител на должност до организирањето избор на нов поглавар ќе биде гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху.