Македонија
17. January 2023 - 16:34

Разрешен директорот на Управата за санкции по бегството на затвореникот од Идризово

Владата го разреши директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски. 

Пет дена по спектакуларното бегство на затвореникот Мемети од Идризово, Спасовски е првиот на листата виновници. Засега нема информации дали Спасовски ќе биде последниот разрешен функционер, со оглед дека низа пропусти при бегството на Мемети беа утврдени и во затворот Идризово.

Опозицијата и денеска обвинува дека бегството на Мемети е резултат на испреплетени партиски решенија во затворската администрација. 

Зечевиќ и СДС мора да кажат каква е улогата на Љупчо Кузмановски во сценариото за бегството на Беким Мемети?

Дали Љупчо Кузмановски е советник за безбедност во КПУ Идризово, дали е советник на директорот Шпенд Тахири?

Дали како советник на директорот, е директно одговорен за безбедноста на затворот и за спроведување на затвореници, со тоа директно одговорен за бегството на Беким Мемети, осуден затвореник за убиство?

Дали Љупчо Кузмановски е дел од затворската администрација на барање на Зечевиќ, во исполнение на Марјан Спасовски, директорот на санкции?

Ова е фотографија на која што се заедно Срѓан Димитриевски, викан Попот, а со него во инаку сина маичка е Љупчо Кузмановски, советник за безбедност на директорот на КПУ Идризово, Шпенд Тахири, вели Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Вонредниот надзор на Управата за извршување санкции веќе утврди низа пропусти при организирањето на транспортот што му овозможило на затвореникот Мемети полесно да избега.

Тројцата затворски полицајци и сменскиот командир за обезбедување се осомничи дека му помогнале на затвореникот да побегне и се соочуват со казна затвор до пет години. Мемети се уште се бара и со меѓународна потерница.