Свет
8. December 2019 - 8:47

Разоткриен напаѓачот во воената база на Флорида, пред да убие три лица испратил морничава порака

Маж од Саудиска Арабија кој во петокот уби три лица во морнаричка база на Флорида, објавил непријателски пораки кон САД пред нападот, наведува џихадистичката набљудувачка група СИТЕ.

„Се противам на злото. Цела Америка се претвори во земја на зло. Јас сум против вас зошто сте Американци, не ве мразам поради вашите слободи, ве мразам што секојдневно поддржувате, финасирате и вршите злосторства не само над муслиманите, туку и над целото човештво“, напиша напаѓачот на Твитер, за кого СИТЕ тврди дека е Мухамед ал-Шамрани.

Офицерот на воздухопловните сили на Саудиска Арабија уби три, а рани седум лица, вклучувајќи и двајца полицајци, на воена обука во САД во петокот во воената база во државата Пенсакола на Флорида, по што полицијата го уби.

Напаѓачот, кој би можел да биде пилот или воздухопловен техничар, нападот го извршил со пиштол.

Околу 16.000 војници се стационирани во базата во Пенсакола, која вработува и над 7.000 цивили. Американската морнарица оваа база за користи за програмите за обука на сојузнички војници.