Македонија
8. October 2018 - 15:09

Разбојништво во Скопје

Разбојништво во Скопје, непознати лица ограбија мајка и син. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 01,55 часот во Полициска станица, Н.Б. од Скопје пријавила дека додека седела во дневната соба слушнала кршење на  прозорско стакло од подрумската просторија.

Таа, заедно со нејзиниот син, ја отвориле влезната врата од куќата за да видат што се случува и пред врата забележале две непознати машки лица, кои им одземале мобилен телефон и избегале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.