Разбојништво во Скопје
Синоќа околу 20.30 часот на ул. „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, во близина на бензинска пумпа, три непознати лица извршиле разбојништво над Б.А. (60) од Илинден-Скопје. Кога Б.А. застанал со своето патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, му се доближило непознато женско лице кое му понудило сексуална услуга, но откако Б.А. ја одбил, таа се обидела насилно да му го одземе паричникот од џебот на маицата, викајќи и удирајќи го по главата. Откако му го одзела паричникот, се доближиле две машки лица, на кои таа им го фрлила паричникот. Едно од лицата го нападнало Б.А., а притоа женското лице ги одзела парите од паричникот, го фрлила во возилото и побегнала во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација