Македонија
5. July 2019 - 12:22

Разбојништво на бензинска на автопатот Табановце -Куманово: Нападнат и ограбен млад турски државјанин

 Две лица нападнале и ограбиле турски државјанин, вчера на бензинска станица на  автопатот Табановце -Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

Разбојништвото во кумановската полиција го пријавил 22 годишниот турски државјанин М.Ш.К, синоќа во 20 часот.

– Две непознати лица, вчера во 17:00 часот, на автопатот Табановце -Куманово во близина на бензинската станица физички го нападнале и му одзеле ранец во кој имало пари и лични документи по што побегнале, се наведува во соопштението од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на  случајот.