Бизнис
15. October 2018 - 19:35

Растот од 2,8 отсто преоптимистичен, максимум ќе биде 2,2 проценти

Тешко дека ќе се оствари и новата прогноза на Владата за раст на економијата. Со ребалансот проекцијата за раст на БДП е ревидирана надолу, од 3,2 на 2,8%. Но, за експертите и ова е многу. Максимумот кој може да се достигне до крајот на годината е 2,2%.

Владата се одлучи за ребаланс заради непотрошените пари наменети за капитални преоекти. Од предвидените 392 милиони, над 90 сега се префрлаат за отплата на долговите на општините и за пополнување на дупките во државните фондови. Петрески вели дека ова префрлање на парите е оправдано само затоа што е јасно дека парите не можат да бидат искористени за тоа штпо првично биле наменети. Предупредува дека во иднина мора подобро да се планираат буџетите, но и да се води сметка за што настануваат долговите.

Ребалансот е и очекуван и потребен, но тој ќе се случи само ако Собранието не се распушти. Ако сепак има избори, тогаш нема да се гласа ниту за буџетот за следната година во предвидениот рок.  Во тој случај, на почетокот на 2019 потребите на државата ќе се покриваат со одлука за времено финансирање.