Бизнис
30. March 2016 - 19:44

Расте добивката на „Македонски пошти“ поради зголемените нарачки преку интернет

Повеќе  пратки и зголемена заработка.  Се подобрува работата во макеоднски пошти. 

Годишно регистрирани 45 милиони пратки, а  2015 ја завршиле со 6,2 милиони денари  бруто добивка, шест пати повеќе во споредба со претходната.

За ваквата состојба  придонеле зголемениот број на он лајн нарачки.

Техника,  облека, телефони   ѓраѓаните се почесто ги порачуваат преку популарните  интернет сајтови.

- Поднесовме барање за целосно остварнување на давачките за производи до 150 евра, а не како сега кога се ослободени од царини и други давачки смао оние кои чинат 25, 45 евра, рече Гоце Бабулински, заменик директор на Пошти.

Македонски пошти се поднови и со 120 мопеди, инвестија од 250 илјади евра. 

Со нив ќе им се олесни работата на  вработените, а ќе се подобри и услугата кон граѓаните.

Од Макеоднски пошти апелираат до граѓаните да внимаваат што порачуваат. Не секогаш робата може да влезе во змејава и често знае да се задржи на царина додека не се донесе одлука дали смее да биде внесена или не.