Свет
15. April 2020 - 12:34

Расте бројот на заразени во Русија, најпогодена е Москва

Во текот на изминатите 24 часа, имаат 3.388 нови случаи на инфекција со коронавирус и овој број и понатаму е во голем пораст.

Севкупно се приближуваат до 25.000 заразени. 198 луѓе починале, и во однос на изминатиот ден тоа е пораст од 28 смртни случаи  од ковид-19.

Најголемо жариште е сè уште Москва.

Московските власти затоа одлучија уште 24 болници да се оспособат за пациенти заболени со ковид 19 и сакаат да имаат вкупно 21.000 расположливи кревети во рок од 10 дена.

Заменичката на градоначалникот на Москва, Анастасија Ракова во петокот предупреди дека ситуацијата станува се подраматична.

„Како што расте бројот на пациенти со сериозни симптоми, здравствениот систем во главниот град се соочува со драматично оптоварување. Нашите болници и амбулантски услуги работат до своите крајни граници“, рече Ракова.