Македонија
11. February 2021 - 16:59

Расте бројот на заразени со мутираниот Ковид-19 во Охрид

Кај 25 охриѓани потврдено присуство на новиот британски вид на коронавирусот. Првиот пациент со овој тип на вирус е дијагностициран на 13-ти јануари годинава во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Од општата болница велат дека меѓу 45-те пациенти хоспитализирани постои можност да има и лица заболени од новиот сој на вирус од кои 30 се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка но напоменуваат дека место за паника нема бидејќи терапијата и протоколите се исти за сите пациенти.

Директорот на општата болница Балевски вели дека сеуште постои страв кај граѓаните, најчесто пациентите заболени од Ковид 19 се соочуваат со психички проблеми, несоница и ансиозност.

Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19 која  има капацитет од 40 легла опремена со целокупна медицинска опрема е готова и наскоро треба да биде ставена во функција .Инаку Охрид и натаму е втор во земјава 

по број на активни случаи и хоспитализирани пациенти.