Свет
29. January 2020 - 20:21

Расте бројот на починати од корона вирусот

Расте бројот на заразени од коронавирусот, странците се евакуираат од Кина. До сега починаа над 130 лица, а 6.000 се заразени. Регистриран е прв случај на заболен во Германија, со што бројот на земји со заразени од вирусот  се зголеми на 16. Светската здравствена орагзнизација го подигна степенот на проценка на ризик на меѓународно ниво од умерен на висок.

Најголемиот број починати и заразени се од 11 милионскиот град Вухан, од каде што и почна заразата. Додека улиците се празни, жителите на балкони довикуваат и се бодрат – Останете силни!  Вухан издржи!

Брачен пар од Србија, кој се враќал од Кина, сам се пријавил во болница во Индија, сомневајќи се на симптоми на коронавирисот.

Европската Унија и САД испратија по 2 авиони за да евакуираат свои здрави  државјани од Вухан, епицентарот на епидемијата.  Бритиш Ервејс  ги суспендира сите летови од и за Кина во јануари и февруари. Безбедноста на патниците и екипажот секогаш ни е приоритет, објави авиокомпанијата. Автомобилскиот гигант Тојота го запре производството  најрано до 10 февруари, а претходно и Хонда го стори истото во  2 те фабрики.