Македонија
16. August 2022 - 16:33

Расте бројот на хоспитализирани

Се намалува бројот на Ковид позитивни, но се зголемуваат хоспитализациите. Новиот извештај на ИЈЗ покажува дека во моментот на болничко лекување во Центрите низ државата има 199 пациенти за 10 проценти повеќе од минатата недела, 55 од нив се на кислородна подршка.

За една недела починале 16 лица.

И во оваа неделна анализа на ИЈЗ има повеќе оздравени од заразени, но направени се и помалку тестови. За една седмица пријавени се 3477 случаи, од нив 729 се реинфекции.

Инаку во моментот во земјава има 3564 активни случаи, половината се во Скопје, а Дојран е единствениот град без заразени.