Свет
29. February 2020 - 16:36

Расте бројот на болни од коронавирусот ширум светот

Расте бројот на заразени лица со коронавирусот во светот. Најкритично е во Јужна Кореа, каде за само еден ден биле потврдени 594 нови случаи. Во оваа земја има околу 3 000 заразени, а досега починале 17 лица. Најголем дел од заболените се од градот Деаг, кој е центар на инфекцијата во државата. Тамошните власти, ширењето на вирусот го поврзуваат со верска група, за која се верува дека  се заразиле за време на миса. Ситуацијата не е ништо подобра ниту во Кина. Таму, вчера биле регистрирани 427 лица позитивни на вирусот. Европскиот Вухан, Италија и понатаму е најпогодена од вирусот.  Цели градови остануват во карантин. Засилени мерки има на италијанско-австриската граница. Се дезинфицираат возовите и се проверуваат патниците. Досега во оваа земја починаа над 20 лица, а заразени се околу 1000. Коронавирусот се проширил и во воена база во Франција. Заразени се неколку лица. Авионите во базата се користеле за евакуација на француските државјани од кинескиот град Вухан, центарот на епидемијата.