Свет
7. May 2019 - 18:57

Растат тензиите околу Венецуела, САД испраќаат воен медицински брод

Во екот на политичките тензии со Венецуела, САД планираат да испратат воен медицински брод во регионот, што е последен знак за вмешаноста на Пентагон во политичката криза во таа земја, велат неименувани американски официјални претставници.

Се наведува дека САД денеска планираат да го објават можното заминување на бродот во водите на Венецуела и дека се уште не е одредено, кои земји во регионот ќе ги посети американскиот медицински брод. Минатата година американски санитетски брод  „УСНС Комфорт“ се грижеше за бегалците од Венецуела и други, додека застануваше во Колумбија, Перу, Еквадор и Хондурас.

Јужната команда на американската војска, која ги надгледува американските единици во Латинска Америка, не го коментираше учеството на воен медицински брод во тој регион.