Бизнис
5. September 2016 - 12:45

Раст од 5,6 проценти на извозот во првите седум месеци од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од  Македонија во периодот јануари - јули годинава изнесува 2.710.526.000 долари, и бележи пораст од 5,6 проценти во однос на истиот период лани.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, вредноста на увeзената стока, во првите седум месеци од годинава изнесува 3.821.115.000 долари, што е за 4,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Стоковната размена изнесувала 6.531.641.000 денари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули  годинава изнесува 1.110.590.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 71 провент.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони  или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. 

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите седум месеци годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.