Бизнис
27. November 2015 - 12:47

Раст на индустриското производство

Индустриското производство во октомври годинава е повисоко за 13,1 отсто во споредба со истиот месец лани. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 6,8 отсто, во Преработувачка индустрија има раст од 18,2 проценти, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,4 отсто.

Пораст од 5,2 процента има кај индустриската група Интермедијарни производи, освен енергија, од 27,4 отсто кај Капитални производи, 0,3 кај Трајни производи за широка потрошувачка и 23,1 отсто кај Нетрајни производи за широка потрошувачка, додека опаѓање има кај Енергија за 14,2 процента. 

Индустриското производство во првите десет месеци од годинава, пак, е поголемо за 3,6 отсто во споредба со истиот период од 2014 година.