Македонија
9. March 2016 - 13:43

Раст на индустриското производство во јануари за осум отсто

Индустриското производство во јануари годинава во однос на јануари лани е поголемо за осум отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари бележи опаѓање од 2.7%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 13.1%.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 15.0% и Капитални производи за 29.8%, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0%.