Расправата за екстерното тестирање продолжува утре
Собранието на Република Македонија попладнево ја прекина расправата по предлог-измените на Законот за основно образование, поднесени од страна на опозицијата.
Расправата, како што најави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, продолжува утре.
Во текот на денешната расправа, пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ изнесоа спротиставени ставови во однос на екстерното тестирање. Едните побараа укинување на тестирањето со образложение дека со тоа не се подобрува квалитетот на образованието, а другите сметаат дека се работи за добар концепт кој им се овозможува на сите ученици да бидат оценувани со исти критериуми.
- Целта е сите ученици да бидат оценувани по исти критериуми без разлика чии деца се. Сите тие се наши деца и имаат право да бидат оценувани според исти критериуми, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Маријанчо Николов од СДСМ, оценките од екстерното не се одраз на постигнатото во текот на годината.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците