Бизнис
24. September 2016 - 17:35

Распишан тендер за реконструкција на автопатот Скопје-Куманово

Ќе се обновува автопатот од Скопје до Куманово во должина од 23 километри.  Тендерот за реконструкција е веќе распишан. Заинтересираните фирми можат да ги доставуваат понудите до 16 ноември.  Обновата пак на коловозната лента од Куманово до Скопје е веќе почната, инвестиција од 5,5 милиони евра. Средствата за  реконструкцја на двата  коловоза се обезбедени од еверопските фондови.

Инвестициите за коридорот 10 ќе надминат над 230 милиони евра, велат до министертвото.  Паралелно се работи и на автопатот  Демир Капија Смоквица, од Смоквица до Гевгелија . Во завршна ваза се активностите на автопатот  од Неготино до Демир Капија, а неодамна се објави  и тендер за делницата Прилеп – Градско.

Во моментов се работи на над 170 километри  автопат  или вкупна инвестиција од над 800 милиони евра.  Надлежните потенцираа дека вложувањата во инфрастуктурата ќе продолжат и во идина со што ќе се обезбеди побрз и побезбеден сообраќај.