Македонија
8. December 2016 - 11:23

Расказ од Томислав Османли во италијанско списание

Италијанското електронско списание „Бомбагиù” објави превод на расказот „Небото на Сукот“ од збирката јудео-балкански раскази и новели „Светилка за Ханука“ на Томислав Османли.

Од редакцијата на „Бомбагиù” објавен е и коментар во кој пишува дека станува збор за  „прекрасен расказ кој тера на длабоко размислуввање за настаните од минатото, сегашноста но и за иднината. Настани кои не смеат да се заборават за да можеме да се поправаме…“

„Небото на Сукот“ е почетен расказ во збирката и е избран и преведен на италијански јазик од Билјана Билјановска.