Македонија
29. December 2015 - 18:16

Расказ на Томислав Османли објавен во загрепско списание

Во двобројот 5-6 на загрепското списание за книга „Тема“,  објавен е расказот  „Сонот на Ангеле Богев“ на Томислав Османли.

Се работи за сатирична фантазија која и припаѓа на неговата серија прозни текстови жанровски одредени како „каприча“. Како и другите прози од оваа серија, текстот е проследен со композиција од илустрации по избор на авторот. 

Расказот е меѓу поновите прози на Османли кој беше откупен по конкурсот и објавен во „Нова Македонија“.

Томислав Османли веќе и е познат на хрватската книжевна јавност, најнапред со објавата на неговата театарска пиеса „Апокалиптична комедија“ во списанието „Књижевна ревија“.

Во Хрватска е објавен и неговиот роман „Дваесет и првиот“ и расказот „Небото на Сукот“ - во еврејското списание „Руах хадаша“ кое се појавува во Загреб.