Македонија
8. March 2016 - 15:11

Расчистено свлечиштето кај Калиманци, сообраќајот нормализиран

Расчистено е свлечиштето кај браната Калиманци, на патниот правец Кочани-Делчево.

Сообраќајот на патот е нормализиран и се одвива по двете коловозни ленти, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). 

Поради свлечиштето претходно сообраќајот на тој дел од патот се одвиваше по една лента.