Македонија
3. July 2021 - 13:46

Расчистена тешка кражба на објект во градба во Скопје

На 02.07.2021 полициски службеници од СВР Скопје го повикале на разговор А.А.(36),  затвореник во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршено на 08.05.2020 во објект во градба на ул.„Мајка Тереза“, каде е оштетено правно лице.

При извршениот разговор сторителот го признал делото, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.