Расчистен случај со лажна сообраќајка во Битола, лишени од слобода две лица

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава, потврдија од СВР Битола.
МИА
Ново на Сител
-

Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-

МФ ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
-

Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја
-

ЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес
-

Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи
-

Наутро ведро и студено, преку ден до 20 степени
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
