Македонија
20. October 2021 - 10:07

Рано утринава почувствуван земјотрес во Охрид и Струга

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала изутрината во 3 часот и 26 минути е почувствуван во Охрид и Струга, соопшти  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 3,1 степени, а епицентарот се наоѓал на 125 километри југозападно од Скопје во Охридското епицентралното подрачје.