Балкан
16. February 2021 - 14:13

Рама повторно ја критикуваше ЕУ околу вакцините и не исклучи набавка на вакцини од Кина

Албанскиот премиер Еди Рама и понатаму не ги штеди своите критики кон Европската унија кога станува збор за вакцината против Ковид-19.

Рама рече дека нема да биде изненадување доколку Албанија, како и Северна Македонија, го сврти погледот кон кинеската вакцина, во време кога ЕУ нема одговор за земјите од западен Балкан.

Според него ако тоа се случи, ќе биде тешко за ЕУ, која „можеше да сподели по некој пакет за земјите од Балканот“.

-Ние бевме од почеток и ја следиме границите каде се чувствуваме дека сме дел и сакаме да се интегрираме – ЕУ. Во актуелните услови сметам дека се наоѓаме во позиција да се чувствуваме дека сме ја изгубиле шансата или времето. Секако дека можеме да го направиме овој хаос, можеби и во секунда, но не би сакал да го сторам тоа, тоа би било претешко за ЕУ, рече Рама.

Додаде дека за него е многу тешко е што Северна Македонија била принудена да се сврти кон Кина за да ја набави вакцина и оти тоа било тешко и за ЕУ.

-За мене е многу тешко што Северна Македонија беше принудена да се сврти кон Кина за да набави вакцина. Беше тешко и за ЕУ. Исто како што на ЕУ и е тешко што Србија е подготвена да достави 4.000 вакцини во Македонија, а ЕУ сè уште не е во можност да дистрибуира по една кутија до сите земји во регионот. Не ме терај да зборувам повеќе, директному се обрати Рама на новинарот, кој го праша дали и Албанија ќе набави кинеска вакцина.

На повторените обвинувања на Рама упатени до ЕУ, реагираше опозициската Демократска партија, на Љуљзим Баша, оценувајќи дека „е обид да ја отргне од себе вината, обид што нема да го спаси на 25 април да си оди дома“.