Рама: Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот
Овој регион не може да продолжи да е заложник на минатото, поделени сме ситни. Сакаме да се проектираме кон иднината преку оваа иницијатива која не измислува ништо ново. Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот, изјави премиерот на Албанија Еди Рама во воведното излгање на Регионалниот економски форум во Скопје.
-Зошто би требало ние да чекаме затворени во нашите граници свртени грб со грб еден спроти друг како што тоа се случувало во минатите 500 години, бидејќи на крајот на денот оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме токму ова што го правиме овде без ЕУ, вели Рама.
Не дека можеме да си го одземеме овој потенцијал којшто овој регион го има и оваа соработка ја пружа., ние треба да сториме се за, вели, да си повратиме малку од изгубеното време кое што е тешко да се придобие повторно. Ние го немаме тој луксуз да губиме време бидејќи изгубивме премногу.
– Ова не е ниту помалку ниту повеќе туку формирање на еден амбиент којшто живее со принципите, вредностите и механизмите на ЕУ, но во меѓувреме секоја земја посебно си ги води своите напори за пристапување кон ЕУ. Поради што сите камиони и стока која што патува во земјите во регионот сега ќе минува се помалку време чекајќи на граница отколку патување. Секторот на трговијата ова го знае многу добро, многу подолго време се чека на граница отколку времето за да се стигне до друга гранична точка. Во чие име треба да ја прифатиме оваа реалност дека ова не е начин на којшто се оди во ЕУ, во име на историјата, на конфликтите, во име на некои нерешени прашања за коишто знаеме многу добро дека треба да бидат решени во иднина. Токму овде сакам да повторам. Нерешените работи помеѓу нас нема да се решат полесно отфрлувајќи и негирајќи го потенцијалот на ова здружување. Што повеќе овој потенцијал за соработка се преточува во слобода на движење, во економија, во перспективи до толку е повеќе можно нерешените прашања да бидат разрешени бидејќи сите овие општества ќе преминат на едно ново ниво на разбирање на себеси, останатите но и на иднината, вели Рама.
Премиерот Рама посочи дека денешниот ден доби уште една димензија на големина и значење и заради огромното присуство на деловните луѓе не само од Албанија и Србија, Македонија, туку и од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Грција и од повеќе други земји.
Тој ја нарече оваа иницијатива за Албанија стратешка и потенцираше дека токму тој мозаик силно говори за вредноста на оваа иницијатива и за тоа колку на луѓето од бизнисот оваа иницијатива им е потребна, и дека заедничкиот регионален економски простор може многу повеќе да постигне отколку што тоа можат земјите сами и одделно да го направиме.
На Регионалниот економски форум во Скопје на кој се приутни претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции, ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“ и ќе бидат потпишани трилатерални договори што се очекува да го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Екипи на ДПИ на терен, мониторинг на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“
-
Обвинителството оформи предмет за лицата ставени на „црната листа" на САД
-
Привршува истрагата за Онкологија, вештачењето во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти
-
Османи: Моноетничките седници секогаш биле најава за лоши периоди во мултиетничка држава
-
Тошковски: Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство
-
За 7 минути распродадени билетите за вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер
-
АХВ ги засилува инспекциските контроли пред празниците,пакетчињата за деца под посебен мониторинг
-
Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ