Рама не отстапува од патарината на „Патот на нацијата“
Албанскиот премиер Еди Рама, ден по насилните протести поради воведување патарина на „Патот на нацијата“ изјави дека „полицијата ја зачувала присебноста наспроти групата вандали кои ќе ја добијат заслужената казна“.
На прес-конеренција Рама, исто така, најави интензивна комуникација за објаснувања во врска со патарината, бидејќи дезинформациите и манипулацијата на јавното мислење триумфирале над објаснувањата што ги давала Владата.
- Има потреба за борба против дезинформацијата која е диригирана од потпалувачи од Тирана. Договорот е потпишан веќе две години, а дури сега се протестира и се пали заеднички имот и една инвестиција, а штетата треба да ја плати нашата држава. Кога вандали напаѓаат една инвестиција и ја палат, оној кој инвестирал бара тоа да го обесштети државата, рече Рама
Посочи дека патарината е неопходна мерка за одржување на автопатот и оти неговите претходници изјавиле дека автопатот не може да се одржува. Според Рама неплаќањето на патарина ќе доведе до уништување на автопатот, затоа за „петте евра нема преговори“.
- Во стуација сме кога и вие треба да дадете придонес. Не за нас, туку за вистината. Нема никакви можност овој пат да се одржува без наплата, нагласи Рама
Тој објасни дека албанските граѓани ќе плаќаат во леки, а патарината во ерва била вопсоставена поради фактот што косовските државјани плаќаат со евра.
За жителите од областа, кои често го ползуваат автопатот Тирана-Кукс- граничен премин Морин,а Рама вети олеснувања околу плаќањето патарина.
Инаку, верашниот протест, најавен како мирен, од самиот почеток почна со инциденти, за да премине во вистинско насилство, во кое беа повредени тресеттина лица, од кои 13 полицајци а запалени беа контролните кабини на пунктот за наплата кај тунелот Калмаш.
Автопатот Тирана-Кукс-Морина, или како што го нарекуваат „Патот на нацијата“ е во должина од 110 километри и истиот освен транспортните претпријатија, на големо го користат и косовските туристи. Патарината е во висина од 2,5 евра за моторцикл, пет евра за автомобил, 11,2 евра за авотбуси, комбиња и камиони со помала носивост, додека камоните со голема носивост 22,5 евра.
Ново на Сител
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра