Балкан
27. September 2021 - 8:09

Рама денеска во Косово на средби со Курти и опозициските лидери

Рама доаѓа во Косово од САД, каде што учествуваше на 76-тото заседание на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации, а ќе биде придружуван од дел од неговиот владин кабинет.

За време на престојот во Приштина, албанскиот премиер ќе биде придружуван од дел од неговиот владин кабинет, објавија косовските медиуми, повикувајќи се на извори во Владата на Курти.

Посетата на Рама следи по поканата што неодмана му ја упати Курти, кога му честиташе за неговиот трет избор за премиер на Албанија.