-->
-->
Ракометната репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе игра на ЕХФ првенството
-->
Машка кадетската ракометна репрезентација на Македонија (за играчи до 18 години) на 5 август во Скопје ќе ги почне подготовките за ЕХФ Шампионатот што во периодот од 15 до 21 август ќе се игра во Варна и Камчиа, Бугарија.
Со одлука на Управниот Одбор на РФМ, Илија Темелковски е поставен за селектор на оваа репрезентација, откако Пепи Манасков од оправдани лични причини не беше во можност да одговори на задачата, но Манасков потенцираше дека во иднина ќе биде на располагање за сите проекти на Федерацијата доколку има потреба од негов ангажман.
Темелковски го закажа првиот собир за 5 август, а повикани се 21 ракометар. Дел од играчите кои се вклучени во Јуниорската репрезентација, ќе се приклучат по завршувањето на Јуниорското ЕП што ќе се игра во Данска во периодот од 28 јули до 7 август.
На ЕХФ Шампионатот (од 15-21 август), Македонија ќе игра во А групата против селекциите на Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар. Натпреварите во групната фаза ќе се играат во Камчиа во периодот од 15 до 20 август, додека финалните средби ќе се играат на 21 август во Варна.
Пред почетокот на ЕХФ Шампионатот, поточно на 13 август, Македонија во склоп на подготовките ќе одигра пријателска средба со кадетската селекција на Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно