-->
-->
Ракометарките гостуваат кај Црна Гора
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија со гостувањето кај Црна Гора ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2016 година што ќе се одржува во Шведска. Нашите ракометарки од вчера се наоѓаат во Бар каде вечерва се игра дуелот.
- Се наоѓаме во силна група, а ривали ни се селекциите на Црна Гора, Хрватска и Словенија. Тоа се врвни селекции во европски и светски рамки. Оваа наша селекција е подмладена, но не одиме со „бело знаме“. Ќе пробаме да се спортивставиме на свој начин, кој ќе се обидеме да го негуваме во иднина, изјави селекторот Симе Симовски.
Македонските ракометарки синоќа одржаа и тренинг во салата во Бар.
Натпреварот Црна Гора – Македонија почнува во 19:30 часот. На вториот натпревар во групата 4 играат Хрватска – Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна