Ракомет
7. March 2016 - 15:00

Ракометарките ги почнаа подготовките за дуелите со Словенија

 
Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за претстојните два дуела од квалификациите за Европското првенство 2016 година. Нашата репрезентација за противник го има тимот на Словенија.
На првиот тренинг отсуствуваше капитенот Елена Ѓорѓиевска, поради мала лекарска интервенција, додека поради повреди селекторот Симе Симовски неможе да смета на Јована Саздовска, Зорица Десподовска и Ангела Тодоровска.
-         Подготовките се одвиваат според зацртаната програма. Во претходниот период во договор на двата клуба (ЖРК Вардар и ЖРК Металург) имавме заеднички тренинзи и контролни натпревари што беше позитовно, а така ќе продолжиме и понатаму. Во нашата група сите селекции против нас се фаворити. Очекувам да одиграме добри натпревари, изјави селекторот Симовски.
Репрезентативките тренираат во СРЦ „Кале“ двапати на ден, до заминувањето за Словенија. За Марибор нашата репрезентација заминува во среда, а првиот дуел се игра во четврток во 17:30 часот. Натпреварот во Скопје е закажан за сабота во 20 часот и ќе се игра во СРЦ „Кале“.