Loading Video...
Ракомет
26. April 2021 - 17:56

Ракометарите се собраа пред дуелите со Финска и Швајцарија

Машката македонска ракометна репрезентација се собра за престојните два натпревари, последни од циклусот квалификации за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
 
Освен Филип Миркуловски кој вчерава ќе се приклучи на репрезентацијата, на првата прозивка на селекторот Лазаров беа пристутни сите останати ракометари. 
 
Репрезентацијата утрово го имаше првиот собир, одработе и еден тренинг, а вечерва во комплетен состав ќе го одработи и вториот пред утрешното патување за Рихимаки, каде во среда ја очекува дуелот против селекцијата на Финска, која важи за аутсајдер во нашата квалификациска група. 
 
По овој меч нашите ракометари се враќаат во Скопје, каде во недела (2 мај) во CЦ “Јане Сандански” ќе го одиграат и последниот натпревар против Швајцарија. 
 
– Во овие два меча би сакал да им дадам шанса на повеќе играчи, за да го зголемиме составот, да биде поквалитетен и да добиеме уште некој играч, знаејќи дека за големи натпреварувања ќе ни бидат потребни поголем број квалитетни играчи. Меѓутоа, желбите и плановите се едно, а моментната ситуација друго. Затоа, околу тоа кој ќе биде на терен в среда и в недела ќе проценам по тренинзите во пресрет на мечевите, изјави селекторот и капитен Лазаров.
 
По победата над Данска, македоските ракометари се на чекор до пласман на Европскиот шампионат. Тие имаа два бода повеќе од Швајцарија, која пред гостувањето во Скопје, ќе има тешок дуел против Данците во среда.