Loading Video...
Ракомет
2. November 2021 - 18:42

Ракометарите ги одработуваат мини подготовките за двомечот со Египет

Машката македонска ракометна репрезентација ги одработува мини подготовките за претстојната репрезентативна акција, односно ЕХФ неделата и дуелите против Египет.
 
Средбите во Каиро ќе му послужат на селекторот и капитен Кирил Лазаров да ја увиди моменталната форма на повеќемина ракометари од кои ќе треба да се профилира составот кој во јануари месец ќе настапи на Европскиот шампионат. 
 
Откако вчера во тимот се приклучија Жарко Пешевски и Филип Миркуловски, останува од списокот на 24-ца ракометари да го комплетира голманот на Порто, Никола Митревски со што селекторот Лазаров на располагање ќе ги има сите повикани.   
 
Ракометарите за Каиро патуваат в четврток, на мегдан против Египет од кој на почетокот на оваа годинава беа убедливо поразени со 38-19 во меч од групта фаза на Мундијалот. Дуелите Егупет – Македонија се закажани за во петок и сабота (5 и 6 ноември).