Loading Video...
Македонија
13. May 2021 - 19:34

Ракетирањето на Газа продолжува

Продолжуваат судирите помеѓу израелската армија и палестинскиот Хамас, најжестоки од 2014 година. И двете страни порачаа дека ова е само почеток. Како одговор на серијата испукани проектили од појасот Газа на Тел Авив во текот на измината ноќ Израел ги интензивираше воздушните напади против владејачкиот исмислитички Хамас во појасот Газа, а можна е и копнена офанзива на палестинската енклава објави Тајмс оф Израел, повикувајќи се на воени извори.

Расте бројот на загинати и во Израел и во Газа а меѓу жртвите има се повеке цивили. Од понеделникот 18 деца загинале во конфилкот, 17 во Газа и едно во Израел. Според израелски податоци убиени се над 50 милитанти и уништени се воени и финансиски центри на Хамас. За Израел и САД, Хамас е терористичка организација. Бајден истакна дека Израел има право на самоодбрана.

- Израел има право да брани кога на негова територија стигнуваат илјадници ракети рече американскиот претседател Бајден.

За четири дена од позииците на Хамас беа истрелани над 1000 ракети, а се почна кога повеќе од 300 палестинци беа повредени во судирите со израелските бебздносни сили пред џамијата Ал Акса во Ерусалим. Израелската армија се пофали дека системот железна купола пресретнал мегу 85 до 90 проценти од истреланите ракети.